
Фината моторика е серија на
координативни движења на коските, зглобовите и мускулите на шаката (особено
прстите) за извршување на мали, прецизни движења. Тоа е тесно поврзано со
координацијата око-рака (можност да раката и прстите правилно ја исполнат задачата
која сме ја виделе со очите). Фината моторика е неопходна за изведување на
безброј секојдневни активности кои ние
возрасните ги правиме многу лесно, но кај децата
од раѓање до предшколска возраст таа мора да се поттикнува и вежба преку
забавни активности кои ќе ги прифатат како игра. За таа цел Ви
подготвивме активности кои се забавни за децата, а воедно придонесуваат за
развој на фината моторика.





