Летна програма

Летната програма Здраво, лето! започнува од 11 јуни до 31 август. Програмата е наменета за учење и забава која има за цел да го збогати знаењето и културата на децата. Програмата ќе се спроведе во форма на интерактивно учење испреплетено со забавни игри, предизивици и екскурзии за време на летниот одмор, затоа што сметаме дека балансот помеѓу слободните и насочените активности е од големо значење за растот и развојот на децата. Програмата е совршено прилагодена за секое дете на возраст од 5 до 11 години кое сака да научи нови работи, да се забавува, да си игра, да создава пријателства и да научи интересни факти за светот околу него. Програмата има за цел да ги поттикне децата да комуницираат, да си помагаат, да соработуваат,да развиваат емпатија и да се стекнат со нови знаења и искуства.

Главни активности - Теми

  • Запознавање со континенти и океани (изработка на географска карта, мултимедијални презентации...)
  •  Вселена, планети и ѕвезди (Сончев систем)
  •   Поларна светлина ( како настануваат и како изгледаат, прошетка до Норвешка)
  • Годишни времиња, месеци и седмица
  •   Ја сакам Македонија (природни богатства, туристички атракции и традиции)
  •  Кои животни каде живеат (морски животни, тропски животни, шумски животни и домашни животни)
  •   Видови растенија ( од семе до растение)
  • Видови професии ( неверојатни имиња на професии и со што се занимаваат тие)
  •  Разговор со успешни личности од различни професии
  •  Спортови за здравје и адренален ( најневеројатните спортови и чудни места за спортување)
  •   Силни емоции (како реагираме и како може да се справиме со силните емоции )
  •  Музика на природата ( ги слушаме звуците на природата)
  • Природни катастрофи ( вулкани, земјотрси, поплави..)
  •  Екологија ( Значењето на екологијата)
  •  Рециклирање ( Што е рециклирање? )
  •  Имам право да се хранам здраво ( здрава храна )
  •   Весела математика
  •   Да пишуваме и да се изразуваме правилно

Напомена: Дадените теми ќе се реализираат по неколку денови во комбинација со презентации, квизови, драматизации, изработка на ѕиден весник, натпревари, игри без граници, креативни  работилници, експреименти, прошетки во природа, посети на институции и факултативни екскурзии.

СКУРАС КАМП  - ГРЦИЈА


За време на летниот распуст го реализираме спортско - јазичниот камп за деца "СКУРАС" во Грција, каде што децата доживуваат една прекрасна авантура исполнета со бројни активности.


No comments:

Post a Comment