
Воспоставувањето
правила и граници на децата е важно бидејќи на тој начин ќе се научат дали нешто
треба или не треба да се прави.
Правилата што родителите ги
поставуваат треба да се разбирливи и добро дефинирани очекувања од детето кои
ќе се соопштат со кратки и јасни пораки за детето лесно да разбере што се бара од него.
Треба да
сметате и да бидете подготвени дека секое дете во процесот на раст и развој ќе
се обидува да ги помести границите и правилата кои се поставени од вас. Затоа,
проверете дали се придржувате кон следните принципи:
Целото семејство да се придржува кон
утврдените правила
Информирајте ги бабите и дедовците и
другите роднини со кои детето се среќава за постоењето на одредени правила. Ако не знаат за нив, може
не знаејќи да ги прекршуваат додека поминуваат време со вашето дете.
Бидете
истрајни и доследни
Кога сакате да го научите детето на дисциплина, важно е да бидете
доследни и истрајни. Ако
од детето барате да ги следи правилата денес и му дозволите да бидат прекршени утре, вашиот пристап не е многу
добар. Детето дефинитивно ќе има корист од вашата слабост.
Јасно ги поставете правилата и последиците
Направете список на обврски во кои опишувате кои се
правилата, какви одговорности има детето и кои ќе бидат последиците од
неисполнувањето. Така, во случај на конфликт, можете да му укажете на
списокот со утврдени обврски и правила.
Применувајте ефективни казни
Се разбира, не станува збор за
физичко малтретирање. При нарушувањето на дисциплината и правилата за детето може да значи дека ќе му биде одземено нешто. На пример, игри,
уреди, излегување со пријатели, гледање телевизија, итн. Логично е дека детето ќе се налути. Нормално и важно
е вие да го задржите
вашиот топол став кон него, да му покажете дека го сакате, но држете се на вашите правилата, тоа ќе ви биде од корист.
No comments:
Post a Comment