Friday, June 26, 2020

ВАЖНИ ВЕШТИНИ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВАТ ВАШЕТО ДЕТЕ УСПЕШНО ВО ЖИВОТОТ

After School, Kids Discover Their Potential at the Y | Signals AZ

Секој родител се стреми да ги воспита своите деца на најдобар можен начин со цел да бидат успешни. Правиме сè што можеме: им купуваме најдобри играчки, одвојуваме време и средства за разни активности што допринесуваат за развој на децата, ги охрабруваме и ги мотивираме да учат, да бидат први на училиште.

Но, дали навистина е важно само нивното знаење и тоа што го научиле на училиште?

Според научниците и психолозите, постојат 3 основни вештини што ќе го направат вашето дете успешно во животот.


Способност за комуникација

Способноста за комуникација е многу важна компонента од секојдневниот живот.

Од многу истражувања кои се направени е утврдено дека развиените социјални вештини во детството допринесуваат за нивниот успех во иднина. Всушност, излегува дека комуникативните деца се поуспешни од нивните врсници кои не комуницираат многу. Ова веројатно е така, затоа што повеќето деца со социјално развиени вештини можат лесно да комуницираат со другите, да избегнуваат конфликти, да бидат корисни за другите луѓе, лесно да воспоставуваат контакти и да ги почитуваат нивните чувства. Многу е вообичаено за луѓето со развиени социјални вештини кои немаат највисоко IQ да заземат повисоки позиции и да станат лидери.

Очигледно, важно е да се запамети дека успехот не е само за работа. Луѓето се сметаат себеси за успешни кога стануваат професионалци во она што го прават, кога ќе создадат добри семејства и кога одржуваат врски со пријатели со кои ги споделуваат своите интереси и чувства. Тешко е да се градат овие односи без високо развиени комуникациски вештини.

 

Упорност

Се верува дека една од најважните работи за успех е страста и упорноста кон поставените цели.

Природните способности и талентите скоро немаат никаков ефект врз вистинските достигнувања во животот доколку не се стремиме со упорност кон достигнување на целите. Решителноста и упорноста ги прават луѓето вистински успешни. Покрај големиот број на истражувања, постојат бројни примери од реалниот живот во кои одредена просечна личност има постигнато многу повеќе од неорганизиран и мрзелив човек кој би можел да биде генијалец. Затоа е важно децата уште од мали нозе да се воспитуваат да бидат истрајни и упорни кон достигнувањето на своите цели, да ги мотивирате и да им бидете поддршка во остварувањето на своите соништа.

Креативно размислување

Креативното размислување ни помага да најдеме начин за решавање на проблемите кои тешко се дефинираат и имаат нејасни параметри, да користиме стратегии кои се фокусираат на решението, да користиме невербални, графички, просторни и визуелни модели за да ги презентираме нашите идеи. И доколку умееме да размислуваме по овој начин, ние ќе бидеме на патот кон успехот.  Никој не знае како ќе изгледаат идните работни места, но едно е сигурно: тие ќе бидат многу различни од она што го правиме денес. Креативното размислување ќе им овозможи на нашите деца да го пронајдат својот пат во светот на иднината, па дури и да создадат свои успешни компании.


No comments:

Post a Comment