
Честото користење на мобилните телефони станува неизоставен
дел од нашиот живот, а ги користи целата популација од најмали до најстари.
Технологијата ги направи нашите животи полесни и поефикасни. Сепак, како
родител, треба да бидете загрижени за влијанието на паметните телефони врз
вашето дете. Во време кога децата се почесто имаат свој мобилен уред, зар не
треба да размислуваме за негативното влијание што паметниот телефон може да го
има врз неговиот раст и развој?
Предизвикува намалена концентрација и раздразливост кај децата
Серија од истражувања докажале дека прекумерната употреба на паметните
телефони од страна на децата, им ја намалува концентрацијата и стануваат раздразливи.
Секојдневно се соочуваме со овој проблем, кој допринесува за намалено внимание,
при што децата имаат проблем и во училиште при усвојувањето на наставниот
материјал и содржини.
Предизвикува проблеми во однесувањето
Трошење повеќе од два часа на ден на паметен телефон е доволно за да
предизвика емоционални и социјални проблеми. Децата кои подолго време користат
паметен телефон во текот на денот имаат намалена интеракција со другите луѓе,
што ги прави асоцијални.
Ја ограничува креативноста на децата
Со лесен пристап до паметните телефони и до многу апликации и игри, децата
се бомбардирани со различни и возбудливи содржини. Тие ја ограничуваат нивната
креативност и имагинација и го забавуваат нивниот развој.
Значително помалку спиење
Според една студија, паметените телефони во спалната соба можат да доведат
до значително помалку спиење и поголем замор. На вашето дете му треба многу сон
и неговиот мозок да се одмори за разни активности за следниот ден. Паметниот
телефон сигурно не би му помогнал да го постигне тоа.
Предизвикува зависност
Ова го загрозува целокупниот развој на детето. Ангажирајќи го со толку
многу активности, паметниот телефон може да стане извор на зависност. Ова ги преокопира
детските умови и ги плени долго време да поминат со паметниот телефон.
Предизвикуваат зрачење
Зрачењето од мобилните телефони е една од најголемите опасности по здравјето на децата. Се смета дека здравјето на децата е многу ранливо од зрачењето од мобилните телефони, бидејќи главата и нервниот систем се развиваат се до раните тинејџерски години.
Намалена физичка активност
Премногу време поминато на паметен телефон, исто така, влијае на физичкото
здравје на вашите деца. Детето може да остане на одредено место со часови, а со
тек на време ова може да доведе до дебелина.
No comments:
Post a Comment