Tuesday, June 23, 2020

ШTO ТРЕБА ДЕТЕТО ДА ЗНАЕ И ДА МОЖЕ НА ВОЗРАСТ ОД 6-7 ГОДИНИ

Download Kids Learning Png Image - Kids Learning Png, Transparent ...

При водењето грижа за децата и работата со нив, важно е да се разбере нивниот развој. Невозможно е да се размислува како можете да ги исполните потребите на децата, доколку не знаете што се очекува од децата, на пример, во однос на размислување, комуникација и физички способности. На возраст од 6 или 7 години кај децата се забележува брз развој, бидејќи на оваа возраст се случуваат бројни трансформации со растот и развојот на детето.


Што треба да знае дете на возраст од 6 или 7 години:

  • Имињата на родителите и блиските роднини, неговата возраст, датумот на раѓање, адресата на која живее, градот, државата, планетата;
  • Професиите на своите родители;
  • Деновите во неделата, месеците и сезоните;
  • Имињата на разни диви и домашни животни, инсекти, птици, водни животни;
  • Имињата на различни видови овошје и зеленчук, растенија, дрвја, цвеќиња;
  • Приказни, стихови, песни;
  • Геометриски фигури;
  • Математичките знаци плус и минус  и за што се користат;
  • Буквите и азбуката;
  • Различни бои;

 Што треба да може да направи дете од 6 или 7 години:

  • Да брои најмалку до 10 и обратно;
  • Да ги препознава буквите;
  • Да чита на слогови;
  • Да прераскаже текст по правилен редослед;
  • Да измислува приказни по дадена слика;
  • Да разликува самогласки од согласки;
  • Да може да се сконцентрира 30-40 минути;
  • Да копира цртежи и движења;
  • Да запамети до 10 предмети или слики;
  • Да составува слагалки, да креира фигури со играчки за конструкција;
  • Да црта и да биде јасно што е претставено на сликата;
  • Внимателно да бои;
  • Да моделира фигури од пластелин, да создава апликации и да умее да користи ножици.

Во однос на социјалниот и емоционалниот развој, детето на оваа возраст треба да:

  • Може да создаде цврсти пријателства;
  • Си даваат голема поддршка со другарчињата;
  • Си играат сложени игри;
  • Си игра во одвоени групи, девојчиња со девојчиња/момчиња со момчиња;
  • Биде прилично независно и сигурно;
  • Има зголемено чувство на моралност (исправно и погрешно);

Во однос на физичкиот развој, детето на оваа возраст треба да:

  • Ужива да скока, да вози велосипед, ролери и да лизга;
  • Ужива да држи рамнотежа на ѕид или греда;
  • Подобро да ракува при играње со коцки, сложувалки итн.
  • Може да врзува/одврзува врвци;
  • Гради сложени модели;
  • Пишува со молив на мала површина и да црта цртежи  со повеќе детали.


No comments:

Post a Comment