Thursday, June 18, 2020

ОД ШТО ВСУШНОСТ ИМААТ ПОТРЕБА ДЕЦАТА

Родители с дочерью, показывая свои грязные руки, когда рисуют в ...

Што им треба на нашите деца?

Дали имаме јасна идеја за ова?

Дали навистина им го даваме она што навистина им е потребно на децата?

Овие и голем број на слични проблеми ги загрижуваат родителите секојдневно.


Дали некогаш сте се запрашале кои се вашите обврски и одговорности за да успеете да го направите вашето дете комплетна личност во иднина

Треба да размислиме, бидејќи покрај секојдневниот живот и  работните обврски кои ги имаме, често забораваме на тоа што навистина им треба на децата. И да, тоа сигурно не е облеката по најнова мода, скапата играчка или доста популарните таблети и телефони . Она што на малите им е потребно не чини ништо друго освен внимание,посветеност и многу љубов.

Поминете време со вашето дете

Најубавиот подарок што може да му го дадете на вашето дете е вашето присуство и активно учество во неговиот живот. Појдете на прошетка во парк, на лулашки, не е важно, бидете заедно со вашите деца. Секој ден! Ова важи и за мама и за тато. Децата сакаат внимание од нивните родители и тоа е единственото кое им треба. Без разлика на времето кое имате можност да го одделите за вашето дете, важно е да имате активно учество во неговиот живот. Детето треба да ја чувствува вашата присутност и посветеност, а за возврат ќе добиете среќно и исполнето дете.

Насочувајте го детето и поставете граници

Насочувањето и поставувањето на граници во детскиот свет е многу важно, бидејќи на тој начин можеме да создадеме свет во кои децата ќе можат да бидат слободни и да се развиваат слободно, но во исто време да научат што е правилно, а што не. Многу е важно да бидете истрајни кога ќе воведувате насоки и граници во светот на вашето дете, така што детето на тој начин ќе научи  да се однесува во согласност со вашите барања. Користете природни последици за неприфатливо однесување од негова страна. Дисциплината не учи и не упатува како треба да се однесуваме, па затоа потрудете се да воведете дициплина, но без казни.  Казната не е опција во било која ситуација.

Почитувајте го вашето дете

Слушајте го вашето дете без да му судите. Разговарајте со него без да го обвинувате за нешто. Прегрнете го без причина и ценете го такво какво што е, на тој начин, детето истото ќе го стори и со вас. Почитувањето е двонасочна улица, ќе научи како да се однесува со другите, од тоа како се однесуваат кон него.

Кажувајте му секојдневно дека го сакате

Да,  вие знаете дека го сакате детето. Но, тоа нема како да знае ако не му кажувате и  не му покажувате дека вашата љубов е безусловна. Кажете му на вашето дете дека сте горди на него и охрабрете го да биде подобар во она што го прави.

Вистината е дека на децата навистина им требаат многу поедноставни работи и слобода  за да се развиваат хармонично и да прераснат во комплетни личности.

 

 

 


No comments:

Post a Comment