Зимската школа “ Smart Art” се реализира за време на зимскиот распуст, и е наменета за деца од 5 до 11 години. Програмата која се реализира има за цел децата да го поминат забавно и продуктивно зимскиот распуст. Креативните работилници се тематски и преку нив децата имаат можност да творат и да се изразуваат на различни начини. Нашата идеја и цел ни е да создадеме една магична средина во која децата преку забава, игра и творење ќе се учат да ги изразуваат своите чувства, мисли и емоции, ќе ја развиваат фината моторика, ќе се социјализираат, ќе развиваат чувство за естетика, ќе комуницираат, ќе си помагаат, ќе соработуваат и ќе развиваат емпатија.
No comments:
Post a Comment