
Многу од летните кампови за деца ова лето не се реализираа поради пандемијата со вирусот COVID 19.
За многу деца ова беше вистинско
разочарување бидејќи летните кампови нудат голем број на активности и можности
за развој и дружење.
Поради таа причина, ова
лето, YouTube започна свој бесплатен виртуелен летен камп за деца
познат како #CampYouTube. Овој летен камп нуди активности поделени во различни
категории: СТЕМ, спорт, уметност и авантура.
Во категориите, содржината
е поделена помеѓу видеата за тинејџери и деца под 13-годишна возраст.
#CampYouTube исто така
нуди виртуелни тури кои вклучуваат 360 висококвалитетни видеа од некои од
најубавите места на Земјата, па дури и во вселената. Листите исто така
вклучуваат многу видеа за занаети и готвење, се со цел децата да останат да
бидат активни и да го истражуваат светот.
Погледнете повеќе за
#CampYouTube.
No comments:
Post a Comment