Friday, July 31, 2020

АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА КАЈ ДЕЦАТА

6 Fine Motor Skills Activities for Kids

Фината моторика е серија на координативни движења на коските, зглобовите и мускулите на шаката (особено прстите) за извршување на мали, прецизни движења. Тоа е тесно поврзано со координацијата око-рака (можност да раката и прстите правилно ја исполнат задачата која сме ја виделе со очите). Фината моторика е неопходна за изведување на безброј секојдневни активности кои ние возрасните ги правиме многу лесно, но кај децата од раѓање до предшколска возраст таа мора да се поттикнува и вежба преку забавни активности кои ќе ги прифатат како игра. За таа цел Ви подготвивме активности кои се забавни за децата, а воедно придонесуваат за развој на фината моторика.

Friday, July 17, 2020

БЕСПЛАТЕН ВИРТУЕЛЕН ЛЕТЕН КАМП ЗА ДЕЦА

YouTube Brings on the Learning & Fun with its Summer Camp ...

Многу од летните кампови за деца ова лето не се реализираа поради пандемијата со вирусот COVID 19.

 За многу деца ова беше вистинско разочарување бидејќи летните кампови нудат голем број на активности и можности за развој и дружење.

Sunday, June 28, 2020

НЕГАТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА ПАМЕТНИТЕ ТЕЛЕФОНИ ВРЗ ДЕЦАТА

6 Reasons for Monitoring your Child's Phone Activities - 2020 ...


Честото користење на мобилните телефони станува неизоставен дел од нашиот живот, а ги користи целата популација од најмали до најстари.

Технологијата ги направи нашите животи полесни и поефикасни. Сепак, како родител, треба да бидете загрижени за влијанието на паметните телефони врз вашето дете. Во време кога децата се почесто имаат свој мобилен уред, зар не треба да размислуваме за негативното влијание што паметниот телефон може да го има врз неговиот раст и развој?

Saturday, June 27, 2020

ДЕТЕТО НЕ ПОЧИТУВА ПРАВИЛА

I'm Talking but They're not Listening!

Воспоставувањето правила и граници на децата е важно бидејќи на тој начин ќе се научат дали нешто треба или не треба да се прави.

Правилата што родителите ги поставуваат треба да се разбирливи и добро дефинирани очекувања од детето кои ќе се соопштат со кратки и јасни пораки за детето лесно да разбере што се бара од него.

Треба да сметате и да бидете подготвени дека секое дете во процесот на раст и развој ќе се обидува да ги помести границите и правилата кои се поставени од вас. Затоа, проверете дали се придржувате кон следните принципи:

Friday, June 26, 2020

ВАЖНИ ВЕШТИНИ ШТО ЌЕ ГО НАПРАВАТ ВАШЕТО ДЕТЕ УСПЕШНО ВО ЖИВОТОТ

After School, Kids Discover Their Potential at the Y | Signals AZ

Секој родител се стреми да ги воспита своите деца на најдобар можен начин со цел да бидат успешни. Правиме сè што можеме: им купуваме најдобри играчки, одвојуваме време и средства за разни активности што допринесуваат за развој на децата, ги охрабруваме и ги мотивираме да учат, да бидат први на училиште.

Но, дали навистина е важно само нивното знаење и тоа што го научиле на училиште?

Според научниците и психолозите, постојат 3 основни вештини што ќе го направат вашето дете успешно во животот.

Tuesday, June 23, 2020

ШTO ТРЕБА ДЕТЕТО ДА ЗНАЕ И ДА МОЖЕ НА ВОЗРАСТ ОД 6-7 ГОДИНИ

Download Kids Learning Png Image - Kids Learning Png, Transparent ...

При водењето грижа за децата и работата со нив, важно е да се разбере нивниот развој. Невозможно е да се размислува како можете да ги исполните потребите на децата, доколку не знаете што се очекува од децата, на пример, во однос на размислување, комуникација и физички способности. На возраст од 6 или 7 години кај децата се забележува брз развој, бидејќи на оваа возраст се случуваат бројни трансформации со растот и развојот на детето.

Thursday, June 18, 2020

ОД ШТО ВСУШНОСТ ИМААТ ПОТРЕБА ДЕЦАТА

Родители с дочерью, показывая свои грязные руки, когда рисуют в ...

Што им треба на нашите деца?

Дали имаме јасна идеја за ова?

Дали навистина им го даваме она што навистина им е потребно на децата?

Овие и голем број на слични проблеми ги загрижуваат родителите секојдневно.

Sunday, June 7, 2020

ИДЕИ ЗА ИГРИ И АКТИВНОСТИ ВО ДОМОТ



Од досегашната работа со деца решивме да издвоиме игри и активности за во домот кои децата вистински ги обожаваат и допринесуваат за целокупниот раст и правилен развој на децата.

Saturday, June 6, 2020

РАЗВОЈ НА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА КАЈ ДЕЦАТА



Што е емоционална интелигенција?

Емоционалната интелигенција е способност за разбирање, препознавање и управување со сопствените емоции, но и за разбирање на емоциите кај другите луѓе. Тоа е клучна животна вештина која што ни овозможува полесно да функционираме во животот.

Saturday, May 30, 2020

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ПРИВАТЕН ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ЗА ДЕЦА



Планирањето на иднината на вашето дете е фундамент кој се покажува како значаен во современото општество. Почетната училишна возраст е клучен период и од особено значење за детскиот развој, па според тоа секој родител доколку е во можност би било добро да избере дневен престој за своето дете кој овозможува интегриран развој.

Денес, сè повеќе родители избираат да го запишат своето дете во  приватен дневен престој, токму поради тоа што овие центри бесцелните часови после училиште ги претвораат во продуктивно време за учење и развој, бидејќи образовниот систем на децата им наметнува огромен број на информации кои тие треба да ги усвојат. Ова е исто така од голема корист и за децата кои имаат тешкотии во учењето, ниска самодоверба и недоволна мотивација за учење и развој.

Еве пет добри причини зошто да го запишете вашето дете во приватен дневен престој:

  

Sunday, May 24, 2020

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИМЕ ДЕТЕТО ЗА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ




Адаптацијата во училиште е процес на навикнување кон новите училишни услови, кои секое прваче ги доживува на свој начин. Повеќето првачиња доаѓаат на училиште од градинка. Во градинката има постојано игри, прошетки, дневно спиење и секогаш учителката е во близина. На училиште, сè е различно, бидејќи има нов систем на барања. Децата за да се прилагодат на новиот ситем во училиште е потребно трпение и време.

Wednesday, May 20, 2020

ДОЦНЕЊЕ НА ГОВОРОТ НА ДЕТЕТО




Секој родител со нетрпение ги очекува првите зборови на своето дете, па затоа не е ни чудо што сме разочарани и загрижени кога треба да чекаме премногу долго за првите зборови.

Од голем број на истражувања е утврдено дека секое четврто дете денес касни со говорот, но најважно е што на повеќето такви деца не им треба посебен третман или помош за да зборуваат.

Накратко ќе ве запознаме со нормалниот развој на говорот на детето и ќе ве упатиме кога да побарате стручна помош ако вашето дете доцни со првите зборови.

Sunday, May 17, 2020

8 ВАЖНИ РАБОТИ ШТО МОРА ДА ГИ НАУЧИМЕ ДЕЦАТА УШТЕ ВО РАНА ВОЗРАСТ



Кај децата, навиките и начините на однесување почнуваат да се формираат уште од рана возраст. Неодамнешните истражувања на оваа тема покажуваат дека ова треба да се направи пред 9-годишна возраст и дека откако ќе се стекнат навиките, тешко можат да се искоренат или да се променат. Затоа е многу важно да се започне со всадување добри навики кај нашите деца уште во раното детство.

Кои се најважните работи што треба да ги научиме децата уште во рана возраст?

 Покрај нашите добро познати морални вредности, има и многу други важни работи поврзани со секојдневните навики. Еве неколку од нив:

Wednesday, May 13, 2020

КАКО СЕ РАЗВИВА САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕЦАТА


Како се развива самодовербата кај децата на вистински начин е прашање за кое размислува секој родител. На децата, кои се свесни за сите свои доблести и недостатоци и кои се прифаќаат себеси, им е полесно да се справат со конфликтите и негативните влијанија. Тие почесто се насмеани и повеќе уживаат во своето детство, имаат реален поглед кон светот и секогаш се стремат кон оптимизам.

Од друга страна, децата на кои им недостасува самодоверба честопати предизвиците со кои растат, се главна причина за фрустрација и анксиозност. Овие деца многу тешко ги решаваат проблемите и се водени од мисли како - Јас не сум добар, не можам да направам ништо како што треба, ... што може да ги направи пасивни, повлечени и депресивни. Соочени со нови предизвици, тие честопати се повлекуваат, убедени дека не се доволно добри за да се справат со проблемот.

 

Monday, May 11, 2020

ШТО АКО ДЕЦАТА ПРОПУШТАТ 13 СЕДМИЦИ ОД ОБРАЗОВАНИЕТО?




Доколку го откажат остатокот од учебната година, учениците би пропуштиле околу 13 седмици образование. Многу луѓе се загрижени поради тоа што учениците и студентите ќе заостанат во образованието. Да, можеби ќе заостанат кога станува збор за образование во училница ... 

НО ШТО АКО ...

Sunday, May 10, 2020

ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА НАДАРЕНИ ДЕЦА – 6 ТИПОВИ НА НАДАРЕНИ ДЕЦА


Иако надарените деца имаат повеќе општи особини, сепак се многу различни за разлика од  останатите деца. Неколку доктори дефинирале шест различни типови на надарени и талентирани деца. Овој систем ни дава можност за полесно да ги идентификуваме надарените деца.

Friday, May 8, 2020

ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕТСКИТЕ ЦРТЕЖИ – ВТОР ДЕЛ



Зошто треба да ги охрабриме нашите деца да цртаат?

 Децата секогаш не можат  да се изразат преку зборови и активности, така што цртањето е уште една важна форма на комуникација. Можете да добиете идеја за мислите и чувствата на вашето дете преку неговите цртежи. Со помош на цртежите децата се во можност да го искажат она што го чувствуваат, исто така, ја зголемува емоционалната интелигенција на детето.

Thursday, May 7, 2020

ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕТСКИТЕ ЦРТЕЖИ – ПРВ ДЕЛ



Голем број на истражувања покажале дека детските цртежи имаат свое скриено значење. Преку цртежите, детето јасно ги открива своите емоции, покажува кон кого  е приврзано, од што се плаши, како се перцепира себеси и своето место во светот. Децата цртаат  тоа што го знаат и тоа што го гледаат. Нивните цртежи се резултат на перцепциите, емоциите, умешноста на рацете и нивното социјално искуство. Затоа, детските цртежи се развиваат со возраста.

Tuesday, May 5, 2020

СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО НАУЧИТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ЧИТА






Постојат неколку одлични совети кои ќе ви помогнат да го научите вашето дете како да чита.

Затоа, многу е важно да се подготвиме за првите чекори на детето во светот на книгите.

Учењето на детето да чита не е толку тешко како што понекогаш ни се чини, ако се водиме од испробани и докажани методи, нашиот напор сигурно ќе биде успешен.

Monday, May 4, 2020

ЗНАЦИ ДЕКА ВАШЕТО ДЕТЕ Е НАДАРЕНО





На Вашето дете му е досадно во училиште, бидејќи активностите се премногу лесни за него?
Дали чита над нивото на другите деца на негова возраст?
Ако е така, можеби ќе сакате да дознаете дали Вашето дете е академски надарено. Некои деца покажуваат знаци на вонредни интелектуални способности во рана возраст, но повеќето од нив не ги покажуваат додека не започнат да одат во училиште. Тогаш, како да дознаете?

Знаци за надареност од 5 до 8 години


Sunday, May 3, 2020

Учење преку игра


Голем дел од магијата на учењето во раното детство доаѓа токму од неструктурираната игра и учењето преку експериментирање. Учењето преку игра кај децата го развива интересот и љубопитноста кои допринесуваат детето да истражува, да креира и да учи. Затоа, треба да пронајдеме радост во моментите на сплотеност и да го поминуваме продуктивно времето со најмилите.