Доколку го
откажат остатокот од учебната година, учениците би пропуштиле околу 13 седмици образование. Многу луѓе се загрижени
поради тоа што учениците и студентите ќе заостанат во образованието. Да, можеби ќе заостанат кога
станува збор за образование во училница ...
НО ШТО АКО ...
Што ако
наместо да заостанат „позади“, оваа група деца напредуваат заради ова?
Што ако на
децата им се вроди
повеќе емпатија, уживаат во семејните врски, можат да бидат покреативни и да се забавуваат, да развијат желба за читање или да се изразуваат писмено?
Што ако
уживаат во едноставните работи, како сопствената градина или двор и седат во близина на прозорецот во
тишина?
Што ако ја забележат прекрасната
природа, птиците,
различните цвеќиња кои се појавуваат
насекаде и уживаат
да го слушаат нежниот пролетен дожд?
Што ако оваа
генерација се оние што треба да научат да готват, да го организираат својот
простор, да ги перат своите алишта и да го одржуваат својот дом?
Што ако научат да возат велосипед, да играат игри, да научат едноставни занаети, да се качуваат на дрво, да играат без екран?
Што ако научат да ја разберат вредноста на парите, што е важно и да живеат со помалку?
Што ако
научат да планираат и да пазаруваат храна за дома?
Што ако ја
научат вредноста на семејниот ручек и да најдат причина да учествуваат во малите задоволства од
секојдневието?
Што ако научат да бидат едноставни, да бидат поотпорни, да бидат задоволни?

No comments:
Post a Comment