
Голем
број на истражувања покажале дека детските цртежи имаат свое скриено значење. Преку
цртежите, детето јасно ги открива своите емоции, покажува кон кого е приврзано, од што се плаши, како се
перцепира себеси и своето место во светот. Децата цртаат тоа што го знаат и тоа што го
гледаат. Нивните цртежи се резултат на перцепциите, емоциите, умешноста на рацете
и нивното социјално искуство. Затоа, детските цртежи се развиваат со возраста.
Срамежливото
дете пишува или црта тенки линии, додека пак енергичните деца цврсто притискаат
со моливот. Нашите мали имагинарни сонувачи цртаат заоблени линии, а
динамичните деца најчесто цртаат прави линии.
Енергичните
деца користат топли и живи бои како што се: жолта, портокалова и црвена боја.
Мирниот и тивок карактер на дете сака да користи студени бои како: розева и виолетова.
Кога
шестгодишно дете користи многу сина боја тоа значи дека детето има развиена
свест за неговиот раст и развој. Цртежот е одраз на неговата околина. Начинот на
кој детето го користи просторот на хартијата го покажува односот на детето
спрема околината.
Ако
цртежот се наоѓа на левата страна, ова е знак дека детето е приврзано повеќе за
мајката и минатото.
Кога цртежот
се наоѓа на десната страна ова значи дека детето се чувствува поблизу до
таткото и и иднината.
Правите линии
одоздола па нагоре ни покажуваат развиена фантазија. Линиите од горе кон надолу
ни ја покажуваат желбата за вистина. Детето кое добро се чувствува во
сопствената кожа, како самостојна личност, цртежот го црта на средината на листот.
Околу втората
година децата се доста подвижни и тие не сакаат да држат молив или боички во
раката правилно, туку чкртаат. За оваа возраст
типични се кружните и правоаголните форми.
Од 3 до
4 години децата се обидуваат да нацртаат човек. Прво цртаат круг, потоа од
кругот излегуваат нозе и раце. Како што детето физички се развива така и ги
додава останатите делови на телото на цртежот и тие добиваат одредена важност.
Со 6
годишна возраст на детето на цртежот ги има сите делови на телото бидејќи и
детето има точно оформена слика за своето тело.
До 4
години децата бираат весели бои, а потоа ја следат својата фантазија.
ЕВЕ ШТО
НИ ПОКАЖУВА ИЗБОРОТ НА БОИТЕ
ЗЕЛЕНА: Зелената боја е знак
на несигурност, но ако е најдоминантна на цртежот може да ни укажува на
проблем. Тогаш треба повеќе охрабрувачки разговори со детето. Односно детето
треба да избере што сака да прави за да се чувствува сигурно и среќно.
ТЕМНО
СИНА ИЛИ БЕЛА БОЈА: Најдобар
начин за да дознаеме што мислат децата за своите родители се боите. Многу психолози
тврдат дека децата за мајката ја бираат виолетовата боја – тоа значи дека
мајката ги разбира и е почувствителна. За таткото ја бираат темно сината боја –
боја која претставува мир и авторитет. Овие одговори се добри и позитивни за
развојот на личноста на детето. Но, кога за мајката би избрале црна боја – ова е
знак дека детето ја гледа нејзината вознемиреност и дека со неа не се чувствува
добро. Кога за таткото би избрале бела боја – тоа значи дека детето го доживува
како многу далечен и отсутен.
ЖОЛТА И
ТЕМНО СИНА: Ова е
добра комбинација на бои и дава одлични информации. Во комбинација жолтата
значи отворен карактер, а другата е поврзана со чувствата. Заедно ни покажуваат
дека детето лесно паѓа под влијание на други. Во вакви ситуации најдобро е
детето како знае и умее да си ги заврши своите обврски само, а не да му
помагаат неговите родители. Важно е со свој труд да ги завршува работите кои ги
започнало.
АКО
ДЕТЕТО НЕ САКА ЦРВЕНА БОЈА: Црвената боја е знак на доминација. Кога детето не ја
користи оваа боја тоа значи дека е напнато, или има проблем во училиштето. Решение
за ова е мирен разговор во опуштена атмосфера.
No comments:
Post a Comment