Friday, May 8, 2020

ЗНАЧЕЊЕТО НА ДЕТСКИТЕ ЦРТЕЖИ – ВТОР ДЕЛ



Зошто треба да ги охрабриме нашите деца да цртаат?

 Децата секогаш не можат  да се изразат преку зборови и активности, така што цртањето е уште една важна форма на комуникација. Можете да добиете идеја за мислите и чувствата на вашето дете преку неговите цртежи. Со помош на цртежите децата се во можност да го искажат она што го чувствуваат, исто така, ја зголемува емоционалната интелигенција на детето.


Цртежот ги подобрува моторните вештини на детето и им помага на децата да научат да донесуваат одлуки.

 При цртање, детето се соочува со голем број на одлуки што треба да ги донесе - каква боја да се користи за нешто специфично, како да се нацрта животно и да се поврзе еден дел од неговото тело со друго, итн.

Цртежот го подготвува детето за училиште. 

Цртежот е една од првите темели на логичкото размислување или апстрактното размислување.Учењето на овие креативни начини на размислување уште од рана возраст го подготвува детето за идно образование.

 Подолу ќе ви покажеме листа на најчесто сликани работи од страна на децата и што ни кажуваат.

 

Човек:

Глава - односот на детето кон интелектуалната сфера околу него

Коса - сила, стремеж кон зрелост

Лице - ставови за комуникација со други

Очи - емоции, стрес, меланхолија

Уста -  вербална активност или пасивност

Нос - родова самосвест

Уши -  усогласување со надворешниот свет

Врат - самоконтрола и самодисциплина

Раце - активност на светот околу него

Нозе - независност и доверба


 

Елементи на пејзаж: 

Цвеќиња, птици, пеперутки - добра ментална состојба, спокојство

Многу дрвја - потреба за поддршка

Облаци и дожд - вознемиреност

Снег, мраз, дожд - чувство на напуштеност

Детско креветче, кафез на птици, шипки за прозорци - протест против ограничувањата и казните

Остри предмети - гнев, агресија, непријателство

Храна, овошје, зеленчук - демонстрација на чувство за грижа и љубов од страна на семејството

Летечки предмети, балони, авиони, змејови - стремејќи се кон слобода или ослободување од забрана и ограничување

Сонце - врска со доминантната личност во семејството

 

Куќа:

Голем број на големи прозорци, акцент на нив - потреба за комуникација

Врата - желбата на детето да ги допушта луѓето до себе

Кров -  развој на имагинацијата и фантазијата

Оџак - емоционална зрелост, топлина во врските

Дрвја и вегетација околу куќата - блиски луѓе

Ограда - потреба да се контролира пристапот на другите луѓе до личното пространство

Линија под куќата (земја) – сомневање во себе, потреба од поддршка.



No comments:

Post a Comment