Голем дел од магијата на учењето во раното детство доаѓа токму од неструктурираната игра и учењето преку експериментирање. Учењето преку игра кај децата го развива интересот и љубопитноста кои допринесуваат детето да истражува, да креира и да учи. Затоа, треба да пронајдеме радост во моментите на сплотеност и да го поминуваме продуктивно времето со најмилите.
РАНО ОПИСМЕНУВАЊЕ
Учењето преку игра може да го поттикне интересот кај децата за сами да започнат да бараат информации, да размислуваат креативно и да се потрудат да постигнат одлични резултати.
- Читајте ги заедно омилените книги на детето
- Слушајте аудио приказни
- Раскажувајте си случки
- Измислете приказна, а потоа нацртајте ја
- Пејте си ги омилените песни
- Создавајте приказни преку слики или стикери
- Измислувајте рими на дадени зборови
- Напишете кратко писмо до непознато другарче
- Опишувајте одредени предмети или личности
- На дадена буква кажувајте зборови
- Со дадени зборови измислете приказна
- Пронајдете предмети во домот кој започнуваат со иста буква
КРЕАТИВНОСТ
Децата се среќни кога доаѓаат во допир со уметноста. Таа ги стимулира нивните сетила и кај нив ја буди љубопитноста, храброста и самостојноста во донесување на решенија за да постигнат одреден резултат. Затоа дозволете им на децата да експериментираат и да креираат во домот.
- Играјте друштвени игри
- Нацртајте фамилијарна слика
- Направете кула од карти
- Нацртајте го омилениот десерт
- Заеднички згответе ја омилената рецепта
- Играјте памтомима
- Гледајте заедно анимирани детски филмови
- Читајте интересни факти за тема која што го интересира детето
- Слушајте музика од други култури
- Заеднички составете голема слагалица
- Гледајте го залезот и потоа нацртајте го
- Направете кукли за прсти а потоа и кратка драматизација
МАТЕМАТИКА
Секој знае дека математиката како наука воопшто не е лесна. Но може да биде навистина забавна, дури и за најмалите. Доколку погледнеме околу нас ќе забележиме дека светот што не опкружува е математика.
- Користете ги играчките за да ги научите децата на основните математички операции собирање и одземање
- Изберете боја. И барајте низ домот колку предмети има на избраната боја
- Сокријте еден предмет и користете ги зборовите за насоки (под, над, зад, врз, на), за детето да го пронајде предметот Споредувајте предмети во домот по кратки или по долги
- Застанете на една нога и мерете го времето колку долго ќе стоите
- Изберете форма и пронајдете во домот предмети што ја имаат истата форма
- Од хартија направете 3Д форми
- Составувајте едноставни текстуални задачи, а потоа заеднички барајте решение

No comments:
Post a Comment