Tuesday, May 5, 2020

СОВЕТИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО НАУЧИТЕ ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ЧИТА






Постојат неколку одлични совети кои ќе ви помогнат да го научите вашето дете како да чита.

Затоа, многу е важно да се подготвиме за првите чекори на детето во светот на книгите.

Учењето на детето да чита не е толку тешко како што понекогаш ни се чини, ако се водиме од испробани и докажани методи, нашиот напор сигурно ќе биде успешен.


  •      Прво и многу важно е да бидете сигурни дека вашето дете е заинтересирано за книги, букви и читање. Буквите се насекаде околу нас и е сосема нормално и природно децата да покажат интерес  уште од мала возраст.
  •    Главната активност на децата е игра, затоа имајте на ум дека стекнувањето на ново знаење ќе биде добро ако се претстави во форма на игра. Не обидувајте се да го присилите интересот на детето за пишување и читање, затоа што таквиот пристап ќе има спротивен ефект или уште полошо, детето може да се здобие со одбивност кон читањето, пишувањето, а воедно и кон училиштето.
  • Започнете да го подучувате вашето дете да ја научи азбуката, бидејќи првиот чекор е запознавање на детето со звукот што одговара на буква, така што детето ќе научи да го поврзе звукот со неговата буква.
  •   Следниот чекор е да го научиме детето да комбинира звуци и букви во слогови. Бидете трпеливи и не брзајте да му ги покажувате на детето сите букви и звуци во исто време, затоа што детето нема да може да ги усвои. Ќе биде исплашено и веројатно интересот кај детето ќе се намали.
  •  Набавете материјали погодни за возраста на вашето дете, боенки, букви во различни бои. Можете да ги купите или заедно со детето да ги направите од хартија во боја. Со нив лесно можете да направите слогови, а подоцна и цели зборови.
  •  Пишувањето на секоја буква, според воспитувачите, го помага процесот на учење на вештината за читање. Затоа еве неколку идеи со кои на креативен начин можете да го научите детето да пишува.





Учењето низ игра е најдобар начин за детето да усвојува нови знаења и вештини и секако дава најдобри и најбрзи резултати.

  •  Кога детето веќе ги знае буквите, можете да си играте со него на разни интелектуални игри. На пример: кој ќе каже повеќе зборови што започнуваат со одредена буква или да се  пронајде буква во одреден збор.
  • Не поставувајте премногу високи цели за вашето дете кои тешко може да се постигнат, затоа што тоа ќе го замори премногу брзо и заморот може да го обесхрабри. Бидете водени од неговата желба за стекнување на нови знаења и вештини.
  • Читајте му на вашето дете. Децата учат од примерот што го добиваат од нивните родители. Значи, ако сакате да го научите вашето дете да чита, мора да му читате. Ако не, тоа не може да сфати што сакате да направи кога ќе побарате од него да чита. Покрај тоа, ова ќе ја разбуди желбата на детето да ја прочита приказната или брошурата што сте му ја читале.
  •  Изберете ги книгите што ќе ги прочитате на вашето дете кои се  во согласност со неговата возраст и интереси.

Читањето книги ја развива интелигенција, имагинација, размислувањето и бара активно внимание. Затоа, дајте му на вашето дете можност да расте, да се развива и усовршува. На овој начин, секое дете ќе порасне како креатор на идеи.



No comments:

Post a Comment