Планирањето на иднината на вашето дете е фундамент кој се
покажува како значаен во современото
општество. Почетната училишна возраст е клучен период и од особено значење за
детскиот развој, па според тоа секој родител доколку е во можност би било добро
да избере дневен престој за своето дете кој овозможува интегриран развој.
Денес, сè
повеќе родители избираат да го запишат своето дете во приватен
дневен престој,
токму поради тоа што овие центри бесцелните часови после училиште ги претвораат
во продуктивно време за учење и развој, бидејќи образовниот систем на децата им
наметнува огромен број на информации кои тие треба да ги усвојат. Ова е исто така од голема корист и за децата кои имаат тешкотии во
учењето, ниска самодоверба и недоволна мотивација за учење и
развој.
Еве пет добри причини зошто да го
запишете вашето дете во приватен дневен престој:
1. Совладување
на наставниот материјал и пишување на домашните задачи
Во
приватните центри за дневен престој на деца, ова обично е главен приоритет. Се работи во
мали групи и пристапот
кон секое дете е индивидуален, во согласност со неговите афинитети и можности. Во овие центри
децата ги пишуваат своите домашни задачи, ги учат своите лекции, им се врши проверка на стекнатите знаења, ги
подготвуваат за тестови, а ако децата имаат пропуштено од претходните лекции и часови, тие лесно се надополнуваат и усвојуваат. Во повеќето центри за дневен
престој на деца , програмите за учење се специјално адаптирани за оваа намена, а наставниците се целосно обучени за
ова.
Па,
наместо бесконечно учење и пишување домашни задачи во текот на денот и за време на викендите, добивате слободно
време да поминете со вашите најмили во игри и забава.
2. Развој
на социјални вештини. Емоционална интелигенција и позитивна слика
за себе и за околниот свет
Позитивната средина и атмосфера во центарот за дневен престој на деца поттикнува соработка, поддршка,
емпатија и почитување.
Ова им помага на децата да се социјализираат и полесно да се адаптираат во нова средина. Децата
постепено се здобиваат со самодоверба и со позитивна слика за себе и за
околниот свет и се чувствуваат посигурни кога се придружуваат
на група луѓе или започнуваат разговор. Овој процес на интеграција го следи наставник, го контролира овој процес и го води целосно во корист на
детето. Во приватните центри за дневен престој на деца, посебно внимание се посветува на ова, со цел на детето да му се
овозможи правилен интелектуален, социјален и емоционален развој. Ова е нешто што во моментов е
недоволно застапено во училиштата, поради многу причини и околности, а во исто
време е од особено значење за менталниот раст и развој на децата.
3.
Независност и самодоверба
Во
приватните центри за дневен престој на деца, детето се стекнува со навики
поврзани со учење, подготовка и стекнување на нови знаења и вештини. Сето ова се случува со
помош и поддршка на наставник кој го води и му помага на детето во овој процес. Подготовката, навиките, одговорностите и активностите што ги
нуди детскиот центар за учење ќе го подготват детето да биде
независно и само да го совладува материјалот од училиште во погорните одделенија.
Исто така, престојот
во мотивиричка средина за учење и развој, креативните активности и
програми,
допринесуваат кај децата да се
истрајни и уверени во своите способности и да изградат поголема самодоверба и позитивна
слика за себе и за околниот свет. Како резултат на сето ова децата стануваат подготвени сами да пронаоѓаат решенија за
проблемите, преземаат
повеќе ризици и учествуваат во различни активности. Ова води кон градење на поголема самодоверба кај
детето. Затоа наоѓањето
на соодветен центар за дневен прстој за вашето дете е клучно за неговиот развој.
4.
Создавање чувство на припадност
Создавањето чувство на припадност е многу важно за секој човек бидејќи тоа значи дека е прифатен од групата. Истото ова важи и за кај децата.
Во приватен
дневен престој, децата
запознаваат и секојдневно се
дружат со други деца од различни училишта или одделенија. На овој начин, тие наидуваат на
различни карактери, учат да се дружат, да си помагаат, да се почитуваат
и да се справуваат со нови ситуации. Како резултат на ова, децата се интегрираат и се чувствуваат како дел од групата, што ќе им помогне за да
ја зајакнат нивната
самодоверба и ќе ги натера да се чувствуваат важни како личности.
5. Учење
низ игра и
најразлични дополнителни активности на едно место
Некои приватни центри за дневен престој на деца за слободното време нудат часови, курсеви и работилници од најразлични области. Во овие активности нема стресни тестови и децата работат заедно во групи и се забавуваат. Повеќето приватни центри нудат можности за развој на вештини за цртање, креативни работилници, часови по наука или курсеви за странски јазици, што може да им помогне на децата да најдат нови интереси и на тој начин слободното време да го поминуваат продуктивно.
Сето ова
Ви го нудиме ние!
Ќе
бидеме среќни ако ни се доверите и ако ние
бидеме вашиот
избор!
Ве
очекуваме!
Едукативен центар – Smart and happy kids

No comments:
Post a Comment