Monday, May 4, 2020

ЗНАЦИ ДЕКА ВАШЕТО ДЕТЕ Е НАДАРЕНО





На Вашето дете му е досадно во училиште, бидејќи активностите се премногу лесни за него?
Дали чита над нивото на другите деца на негова возраст?
Ако е така, можеби ќе сакате да дознаете дали Вашето дете е академски надарено. Некои деца покажуваат знаци на вонредни интелектуални способности во рана возраст, но повеќето од нив не ги покажуваат додека не започнат да одат во училиште. Тогаш, како да дознаете?

Знаци за надареност од 5 до 8 години



Вашето дете може да е надарено, ако:

• Мисли апстрактно - тоа е, ако сфаќа напредни математички и јазични поими и зборува за комплексни прашања;

• Има специфичен талент, како што е можноста да врши математички пресметки во главата или разбира концепт како множење, уште пред да го учи во училиште;

• Има можност да се концентрира внимателно на една активност за долг временски период;

• Располага со поголем фонд на зборови, кои обично не ги користат неговите врсници;

• Лидер е, често организира групни активности, како почеток на игри со други деца;

• Покажува сигурност во неговите активности и достигнувања;

• Добро се справува во училиште;

• Креативно е, и сака да раскажува приказни, да црта, да истражува;

• Има смисла за хумор и оценува духовитост;

• Сака да поминува време со поголеми деца и возрасни;

• Доживува емпатија кон чувствата на другите луѓе;

• Запаметува лесно факти, ги памети и може да ги употреби во соодветен момент.

No comments:

Post a Comment