Иако надарените деца имаат повеќе општи особини, сепак се
многу различни за разлика од останатите
деца. Неколку доктори дефинирале шест различни типови на надарени и талентирани
деца. Овој систем ни дава можност за полесно да ги идентификуваме надарените
деца.
I тип –
Успешни
II тип –
Креативни
III тип – Потиснати
IV тип – Проблематични
V тип – Двојно
посебни
VI тип – Автономни
УСПЕШНИ ДЕЦА
Во овој тип на надарени деца се децата во училиштата, кои
90% спаѓаат во овој тип. Овие деца покажуваат високи резултати, знаење и високи
оценки. Сакани се и почитувани од наставниците. Добро се вклопуваат во образовниот
систем и во своето друштво. Меѓутоа во училиште може да им биде и многу
досадно, бидејќи наставниот материјал го совладуваат со минимален напор,
за разлика од другите деца. Овие деца се многу послушни, ги почитуваат нормите,
но се помалку креативни. Овој тип на деца имаат страв од неуспех, се грижат за
својата иднина, учат за оцена, одат на “сигурно”, гордост се на наставниците и родителите.
КРЕАТИВНИ ДЕЦА
Овие деца поседуваат високо ниво на креативност. Често
имаат спротивставени ставови со родителите и наставниците. Образовниот систем
не ги препознава нивните способности и затоа се често исфрустрирани. Овие
надарени деца често се изложени на опасност како на пример: бегање од
часови, појава на деликвентно однесување, итн. Но, сепак позитивните
карактеристики преовладуваат бидејќи тие се големи борци против неправда, многу
се чувствителни, енергични се, добро поднесуваат неизвесност и ризик, истрајни
се во областа за која се интересираат, итн. Затоа кај овие деца треба да се
открие потенцијалот за креативност на време за да не се чувствуваат занемарени
и треба да го цениме нивниот труд и креативност.
ПОТИСНАТИ ДЕЦА
Овој тип се однесува на надарените деца кои ги
потиснуваат своите таленти за да бидат прифатени од околината. Овие деца се грижат за нивнито чувство за припадност во
групата да не биде повредено од врсниците, наставниците и родителите и затоа
длабоката креативност и интелигенција ја потиснуваат. Овој тип на надарени деца
често ги менуваат друштвата, одбиваат предизвик, несигурни се во сопствениот
избор и остварувањето на своите желби го гледаат како предавство на групата во
која припаѓаат.
Секое дете во некоја фаза од своето образование може да
се најде во некој лош период и да има проблеми, но сепак нема да го декларираме
како проблематично дете. Овој тип на деца имаат многу ниска самодоверба, често
се огорчени и лути, а некои поединци дури се и асоцијални. Нивните потреби
многу често не се препознаваат од страна на наставниците и родителите. Тоа
препознавање се случува покасно и затоа со овие деца треба разговор и
советување. Проблематично – надарените деца се многу креативни, отпорни на
авторитет, сами себе се вовлекуваат во изолација, поретко се вклучуваат во
друштвениот живот...
ДВОЈНО ПОСЕБНИ
Оваа категорија на надарени деца е многу широка и
комплексна. Децата од овој тип се надарени, но истовремено имаат потешкотии и
слабости во коцентрацијата и учењето, па затоа повеќето се фокусираат на
нивните недостатоци отколку на нивните потенцијали. Овде всушност се наоѓа
препреката за препознавање на надареното дете. Оваа категорија на надарени деца
имаат многу ниска самодоверба, често се и самокритични, бидејќи како ученици
имаат многу низок просек на знаење, а со тоа и се често игнорирани од страна на
друштвото. Ваквото дете не знае каде припаѓа, има променливо расположение,
често се лути и се повлекува, но се добри во пронаоѓање на решенија на многу
проблеми. Средината, луѓето, децата, наставниците овој тип на деца ги гледаат
како многу “чудни”, па затоа треба
да се работи, советува и разговара за нивните недостатоци.
АВТОНОМНИ ДЕЦА
Овој тип на деца е многу сличен со првиот тип на деца.
Но, за разлика од нив, овие деца не работат за системот, туку работат на самите
себе. Овие деца се исто така многу успешни, одлични ученици, имаат висока
самодоверба и со многу добри лидерски способности. Автономните деца се сакани,
обожавани од секого. Околината ги доживува како водачи. Независни се, способни,
слободно ги изразуваат своите чувства, покажуваат толеранција и почитување спрема
секого, социјализирани се, бараат предизвици, се борат за самите себе.
Првиот и последниот тип на деца се генерално идентични.
На кај останатите типови на деца тешко се идентификува нивнита надареност и
способности и затоа постои ризик тој нивни дар да не се препознае. Затоа тие деца се лути,
несигурни и не можат да ги развијат своите капацитети.
Оваа статија е со цел да ги разбереме
различностите меѓу децата и за да можеме полесно да ги идентификуваме надарените деца кои ги сретнуваме секојдневно.
Да бидеме внимателни, да бараме капацитети во секого, да ги охрабриме без да
носиме површни и брзи дијагнози за некого. Само така овој свет ќе го направиме
поубаво место за живеење.

No comments:
Post a Comment