
Честото користење на мобилните телефони станува неизоставен
дел од нашиот живот, а ги користи целата популација од најмали до најстари.
Технологијата ги направи нашите животи полесни и поефикасни. Сепак, како
родител, треба да бидете загрижени за влијанието на паметните телефони врз
вашето дете. Во време кога децата се почесто имаат свој мобилен уред, зар не
треба да размислуваме за негативното влијание што паметниот телефон може да го
има врз неговиот раст и развој?





