Sunday, June 7, 2020

ИДЕИ ЗА ИГРИ И АКТИВНОСТИ ВО ДОМОТ



Од досегашната работа со деца решивме да издвоиме игри и активности за во домот кои децата вистински ги обожаваат и допринесуваат за целокупниот раст и правилен развој на децата.


  • Цртање и боење - Овде се претставени различни техники на цртање и боење преку кои децата можат да ја изразат својата креативност, ја развиваат фината моторика и концентрација. 


  • Изработка на накит од копчиња, цевки или макарони е игра што може долготрајно да го задржи вниманието на децата, а воедно кај децата се развива креативноста, концентрација и фината моторика.

  • Мозаик со хартија во боја, салфетки, камчиња, копчиња или природни материјали е активност која исто така може долго време да го задржи вниманието на Вашите најмили.


  • Игри со вода се игрите кои децата ги обожаваат многу, а воедно придонесуваат за развој на фината моторика, координација и концентрација.


  • Играчки од картонски кутии со кои децата вистински се забавуваат.


  • Физичките активности имаат низа придобивки за растот и развојот на децата и затоа е добро децата да бидат физички активни.


Се надеваме дека идеите за игри и активности во домот ви се допаѓаат и дека продуктивно ќе го поминете времето со Вашите најмили.

No comments:

Post a Comment