Friday, July 31, 2020

АКТИВНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ФИНАТА МОТОРИКА КАЈ ДЕЦАТА

6 Fine Motor Skills Activities for Kids

Фината моторика е серија на координативни движења на коските, зглобовите и мускулите на шаката (особено прстите) за извршување на мали, прецизни движења. Тоа е тесно поврзано со координацијата око-рака (можност да раката и прстите правилно ја исполнат задачата која сме ја виделе со очите). Фината моторика е неопходна за изведување на безброј секојдневни активности кои ние возрасните ги правиме многу лесно, но кај децата од раѓање до предшколска возраст таа мора да се поттикнува и вежба преку забавни активности кои ќе ги прифатат како игра. За таа цел Ви подготвивме активности кои се забавни за децата, а воедно придонесуваат за развој на фината моторика.

Friday, July 17, 2020

БЕСПЛАТЕН ВИРТУЕЛЕН ЛЕТЕН КАМП ЗА ДЕЦА

YouTube Brings on the Learning & Fun with its Summer Camp ...

Многу од летните кампови за деца ова лето не се реализираа поради пандемијата со вирусот COVID 19.

 За многу деца ова беше вистинско разочарување бидејќи летните кампови нудат голем број на активности и можности за развој и дружење.